Иван Проведел му донесе заслужен и значаен бод на својот Лацио во првото коло од Лигата на шампиони.
Во првото коло од групата Е во Лигата на шампиони Лацио на Олимпико во Рим губеше од Атлетико Мадрид се до 95-та минута.
Тогаш голманот на Римјаните, Иван Проведел, по еден прекин со глава го матираше својот колега на другата страна Јан Облак, и му донесе бод на својот клуб.
„Ова е неверојатна емоција, не сум навикнат да давам голови. Кога видов дека е корнер, тргнав напред, дадов се од себе. Најважната работа е бодот, а не мојот гол“, изјавил Проведел вчера по натпреварот.
Не се случува често во фудбалот, посебно на ова ниво, голманите да даваат голови. Сепак, сме имале можност да видиме чувари на мрежи во последните секунди да одат во напад во текот на прекини, но да постигнат гол – тоа е реткост.
Потсетуваме, прв пат по четиринаесет години еден голман успева да постигне гол во Лигата на Шампионите.
Уште поинтересно е тоа што ова не е прв гол на Проведел во неговата кариера. Пред три и пол години, додека бранел во италијанската Серија Б за Јуве Стабиа, Проведел отишол во шеснаесетникот на Асколи кој во тие моменти водел со 2-1. Во големиот метеж пред голот на Асколи Проведел бил најприсебен и со глава погодил за изедначување и бод за својата екипа, исто како и вчера против Атлетико Мадрид.
This wasn’t Provedel’s first goal as a goalkeeper…He also scored in 2020 in Serie B.
— Italian Football TV (@IFTVofficial) September 19, 2023
A true natural ? pic.twitter.com/pGdC872oPU