Иско: Требаше порано да заминам од Реал Мадрид

Дерби

19/09/2023

17:43

3.024

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шпански репрезентативец Иско има одлични спомени од деветте години поминати во редовите на Реал Мадрид, но смета дека веројатно требало порано да го напушти „кралскиот клуб“.

По кратката и непријатна авантура во дресот на Севилја, Иско игра во фантастична форма во дресот на Бетис, па и самиот смета дека требало да направи промена уште пред некоја година.

– Не можам да кажам дека во Реал се однесуваа некоректно со мене, но факт е дека можев да добијам поголема минутажа.

– Можеби требаше да заминам порано, посебно по ситуацијата претходната година, но човек учи од секое искуство.

– Фудбалот е сложен, треба да се адаптираш на секоја ситуација, а се надевам дека ќе бидам добро пречекан од фановите на Реал бидејќи давав максимум кога настапував за оваа екипа. Ако веќе Бетис не може да се бори за титулата, тогаш нека ја освои Реал, – вели Иско.