Понекогаш треба да помине многу време за конечно да сфатиме што навистина сакаме од љубовта, какви се облиците на однесување во љубовта кои за нас се прифатливи, а на какви веднаш треба да реагираме.
Еве кои љубовни, животни лекции жените некогаш предоцна ги сфаќаат:
Во љубовните врски често ја правиме истата грешка – се преправаме. Запамтете дека компромисот не е решение доколку поради него се чувствувате несреќно. Немојте да се согласувате на работи кои ве прават длабоко незадоволни, немојте да се преправате дека сте среќни доколку не сте и немојте да кажувате „да“ на предлози кои инстинктивно сакате да ги одбиете.
Во секој момент од врската треба да бидете автентични и свои затоа што единствено така ќе можете да постигнете вистинска љубовна среќа со партнерот којшто ќе ја види вашата вистинска личност, а не онаа „креирана“ посебно за него.
Додека тој сам не стане свесен за потребата за промена, нема вашата љубов кон него (без оглед на тоа колку е голема) да го натера да се смени. Промените можат да бидат условени од надворешни фактори, но всушност доаѓаат однатре.
Многу од жените љубомората и посесивноста од нивниот партнер ја доживуваат како потврда дека мажот многу ги сака. Мала доза на љубомора е целосно нормална работа во врските. Меѓутоа, кога поради друг маж постојано ве контролира, сака да го знае секој ваш чекор и потег, ви забранува комуникација со другите, тоа е знак дека неговата љубомора е безобразна.