(Фото/Видео) Богот на спортот пушти солза! Ѓоковиќ се разнежнил на Балконот: Сцена за сите времиња! Кошаркарите го прегрнувале, а тој му се поклонил на Бориша

Точка

12/09/2023

22:24

5.136

Големина на фонт

а а а

Ѓоковиќ го изнел пехарот од „УС Опен“, а кога десетици илјади навивачи почнале да скандираат за него, тој не можел да ги задржи солзите.

„Добро вечер Србија, Белграде, ве сакам! Ретки се моментите кога се останува без зборови, а ова е еден од нив. Пресреќен сум. Најпрво сакам да им честитам на фантастичните кошаркари и да им се заблагодарам што прифатија да бидам дел од овој спектакл.


Ова е остварување на сонот на еден детски сон, бидејќи од мал присуствував на собирите на кои се славеа фантастичните успеси на кошаркарите. Сум бил на Балконот неколку пати, но никогаш вака. Бориша е херојот на нацијата и заслужува сите да го скандираат. На светот ниту една спортска нација го нема овој дух што го имаме ние, да живее Србија!“, изјавил Новак.

Новак потоа му се поклонил на Бориша Симаниќ, кој го загуби бубрегот на Мундобаскетот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг