Алкарас со серија неверојатни поени го скрши четвртфиналистот од пред две години

Дерби

01/09/2023

13:19

739

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас ја мина втората рунда на Ју-Ес Опен и најде решение за четвртфиналистот од 2021-ва година, Јужноафриканецот Лојд Херис кој се врати на терените после тешката повреда на зглобот.

Херис најголемиот успех во кариерата го оствари токму со настапот во четвртфиналето на Флешинг Медоус пред две години, но рано утрово немаше решение за разиграниот шпански тенисер кој има за цел одново да го предизвика Ѓоковиќ во едно финале.

Патот на Шпанецот до завршната рунда е многу потежок од оној на Србинот, но засега Карлитос делува стабилно и тоа го покажа со серија импресивни поени на мечот со Херис.

Алкарас славеше со 6:3, 6:1 и 7:6, а неговите фанови треба да ги радува тоа што Шпанецот се забавуваше на теренот и изгледаше навистина расположено за игра.

Карлос е бранител на титулата од минатата година и ќе се обиде да стане првиот тенисер по Федерер кој славел две години по ред, а следен предизвик во тој поход ќе му биде Дан Еванс.