Лука Иванушец во љубов со ќерката на легендарниот поранешен хрватски репрезентативец: „Таа е мојата најголема поддршка“

Точка

25/08/2023

22:09

20.565

Големина на фонт

а а а

Миленикот на навивачите на „Динамо“, Лука Иванушец го напушта Максимир и според пишувањата на медиумите му се приклучува на „Фејенорд“.

Скромниот „Ватрени“ веќе 4 години е во врска со Тиа Вугринец, ќерката на поранешниот хрватски репрезентативец и најефикасен голгетер на „ХНЛ“, Давор Вугринец.


Тие се запознале во родниот Вараждин, а за првпат заедно се појавиле во јавност во 2019 година на божиќната забава на „Динамо“. Оттогаш Тиа често ја следела играта на своето момче од трибините на Максимир и е неговата најголема поддршка, а 24-годишниот Лука открил како почнала да се развива нивната љубов.


„Тиа и јас се знаеме уште од детството. Потекнуваме од ист град, а пред 4 години се запознавме подобро. Веднаш ми се допадна поради нејзината интелигенција и убавина, а денес заедно со моето семејство е најголемата поддршка во ова што го работам и беше исклучително горда на настапот во репрезентацијата“, изјавил Лука за „Стори“.


Открил дали планираат свадба

Летниот одмор го поминале во Паг со пријателите. „Овде доаѓаме со години бидејќи е вистинско место за опуштање. Летото ми е омилена сезона. Одмарам на плажа, сакам сонце и пливање, тоа навистина ме опушта, а навечер одиме до град на прошетка“, опишал фудбалерот.


На прашањето дали наскоро планираат свадба, тој спремно одговорил: „Не се оптоваруваме со венчавка, заедно сме среќни“.



Да потсетиме, во првиот натпревар од плеј-оф рундата од квалификациите за Лига Европа, „Динамо“ на Максимир ја победил „Спарта Прага“ со 3:1. Со голот, Лука Иванушец со солзи се простил од „Динамо“ и порачал дека „Фејенорд“ е идеалниот клуб за него во оваа фаза од кариерата.