[ФОТО] Плус сајз убавицата во страв: Нејзините раскошни облини никој не може да ги „избрише“

Точка

04/05/2026

14:45

726

Големина на фонт

а а а

Ешли Греам го дала својот суд за се поголемата употреба на лекови за слабеење и ја истакнала загриженоста за „body positivity“ движењето.

Плус-сајз манекенката, Ешли Греам, во најновото интервју за „Marie Claire“ зборувала за сѐ поголемата употреба на популарните лекови за слабеење. Речиси да не постои личности во Холивуд која барем не ја пробала, а има и такви кои отворено зборувале за своите искуства.


Ешли е во друга категорија луѓе, горда е на својот изглед и смета дека сѐ што има врска со тој нов тренд е многу обесхрабрувачки.

„Како некое време сè да одеше во насока на прифаќање. Акцентот беше ставен на тоа секој да има право да биде тоа што е и да се чувствува добро во сопствената кожа. А сега се враќа во сосема спротивна насока, што е како шлаканица за жените кои чувствуваа дека конечно имаат глас“, изјавила Ешли.

Сепак, моделот се надева дека ова е само минлив тренд, како и сè што се појавило претходно, и дека лековите за слабеење не можат да ги избришат жените со плус-сајз големина.


Ешли Греам никогаш не криела дека ѝ требало долго време да го засака и да се навикне на своето тело, особено по три раѓања.

„Живеам во друго тело и ми требаше долго време да го запознаам. Не можам да кажам дека мојата прва мисла кога ќе се погледнам во огледало е „Те сакам“. Но, се обидувам да го прифатам фактот дека повеќе нема да изгледам како жена во моите дваесетти години. Таа жена е минато“, искрено изјавила Ешли.