[ФОТО] Сè можат да скријат, но љубовта не: Пенелопе Круз во ретко излегување со сопругот

Точка

04/05/2026

21:15

297

Големина на фонт

а а а

Пенелопе Круз и Хавиер Бардем ретко зборуваат за својот брак, а и не се појавуваат често заедно, па секојпат кога папараците ќе ги „уловат“, тие се добра инспирација за убава љубовна приказна.

Славната актерка (52) ужива во љубовта со колегата Хавиер Бардем (57) и тие двајца секогаш кога ќе се појават стануваат главна тема на светските медиуми. Можеби поради тоа избегнуваат заеднички доаѓања, а својата љубов ја држат далеку од очите на јавноста.


Многу почесто Пенелопе е во центарот на вниманието поради своите префинети модни изданија, но сега упорните папараци успеале да ги фотографираат заедно во Париз, на фудбалскиот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Лоријан. И двајцата носеле качкети и се труделе да бидат незабележливи, но тоа било невозможно.



За оваа пригода Пенелопе избрала вистинско спортско издание – маичка и широки фармерки, додека Бардем го носел дресот на клубот за кој навива – Пари Сен Жермен.



Љубовна приказна далеку од сите

Круз и Бардем живеат во Шпанија бидејќи, како што рекле, таму е многу помирно и многу повеќе им одговара за семејството отколку Холивуд.


Во брак се од 2010 година и имаат две деца, меѓутоа нивната љубов почнала многу порано.


Се запознале уште во деведесеттите, но тогаш не започнале врска. Многу подоцна следувал филмот „Vicky Cristina Barcelona“ од 2008 година, кога повторно се зближиле и сфатиле дека се еден за друг.


Од првиот ден се труделе сите детали од својата врска да ги зачуваат за себе и така останало сите овие години. Заедно важат за еден од најстабилните, но и најомилените парови во Холивуд.