Серена Вилијамс и Алексис добија второ дете

Макфакс

23/08/2023

08:30

1.878

Големина на фонт

а а а

Серена Вилијамс и нејзиниот сопруг Алексис Оханијан го дочекаа своето второ дете.

Поранешната тенисерка радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.

На „Инстаграм“, покрај семејната фотографија, таа го откри и името на девојчето – Адира Ривер Оханијан.

А на “Тик-ток“ сподели видео со нејзиниот сопруг претприемач и инвеститор, нивната ќерка Олимпија и бебето. „Добре дојде на мојот прекрасен ангел,“ напиша Серена во описот на фотографијата.

На овогодинешната „Мет-гала“ во Њујорк, Серена (41) објави дека чека второ дете, а на новинарите им кажа дека на престижниот моден настан пристигнала со сопругот и ќерката. „Бев толку возбудена кога Ана Винтур нè покани тројцата на Мет Гала“, рече таа тогаш.


Минатата година таа изјави дека планира да се повлече од тенисот и дека сака да го прошири своето семејство.

Ќерката Олимпија ја роди во 2017 година.

Серена и Алексис се запознаа во 2015 година во хотел во Рим. Набрзо се вљубија и, по една година врска се свршија. Се венчаа во 2017 година.