Зошто сите луѓе се слаби на старите фотографии од плажите? Писател и колумнист дошол до објаснување кое сериозно загрижува

Точка

21/08/2023

22:53

10.143

Големина на фонт

а а а

Речиси секое лето на социјалните мрежи „испливуваат“ стари фотографии од плажи од 70-те и 80-те години на минатиот век.

На овие весели летни сцени многумина го забележуваат истото: сите изгледаат многу витко. Дали е можно сите да биле слаби?

Писателот и колумнист Џорџ Монбиот спровел истражување за да дојде до одговор. Тој открил дека луѓето всушност јаделе повеќе во 70-те отколку сега, а исто така физичката работа денес е потешка отколку во тие години.

Но, постои битна разлика: открил дека луѓето денес јадат повеќе шеќери, кои ги има во многу производи.

Во минатото јадевме повеќе, но поинаку - денес по лице купуваме двојно помалку свежо млеко, но 5 пати повеќе јогурт, 3 пати повеќе сладолед и дури 39 пати повеќе млечни десерти, покажало неговото истражување.

Купуваме двојно помалку јајца отколку во 1976 година, но за третина повеќе житарици за појадок и двојно повеќе грицки од житарици; половина од вкупната количина на компири, но 3 пати повеќе чипс.

Додека нашето директно купување на шеќер нагло опаднало, шеќерот кој го консумираме во пијалаците и кондиторските производи веројатно скокнал.

„Промената не настана случајно. Како што тврдеше Жак Перети во неговиот филм „The Men Who Made Us Fat“, прехранбените компании инвестираа многу во дизајнирање производи кои користат шеќер за да ги заобиколат нашите природни механизми за контрола на апетитот, како и во пакувањето и промоцијата на овие производи, вклучувајќи го и користењето сублиминални мириси. Тие вработуваат армија научници за храна и психолози за да нè измамат да јадеме повеќе отколку што нѝ треба, додека нивните огласувачи ги користат најновите откритија во невронауката за да го совладаат нашиот отпор“, вели Монбиот.