На владина седница, министрите од ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски формално ќе ги достават оставките кои треба да се ефектуираат кога опозицијата ќе ги поддржи уставните измени во Собранието.
Како што најави вчера министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оставките ќе бидат поднесени до премиерот и потпишани поединечно од секој од министрите, а автоматски би се активирале по гласањето на уставните измени, по што би се одело на избори.
Од ДУИ велат дека го исполниле барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, па сега тие се на потег.