Актерката Талула Рајли (37) ќе се венча со актерот Томас Броди-Сангстер (33), пренесуваат странските медиуми.
Таа ги споделила среќните вести на Твитер, соопштувајќи дека му кажала „да“ на својот избраник.
„Многу сум среќна што можам да соопштам дека, по 2 години врска, Томас Броди-Сангстер и јас се веривме“, порачала среќната Талула.
Овој пар потоа бил виден во ноќно излегување, а медиумите не го пропуштиле прекрасниот дијамантски прстен на нејзината рака.
За врската на Талула и Томас долго се шпекулираше, бидејќи во август 2021 година беа видени како се држат за рака на улица, но парот не се огласуваше по повод тврдењата дека се среќно заљубени.

За потсетување, Томас ја освои јавноста во култната романтична комедија „Love Actually“, во која глумеше на 13-годишна возраст, а подоцна го гледавме во сериите „Queen's Gambit“ и „Game of Thrones“.

Талула инаку беше двапати во брак со милијардерот Илон Маск - најпрвин беа венчани од 2010 до 2012 година, а потоа се венчаа во 2013 година и останаа заедно до 2016 година. Парот живееше со децата на Маск од бракот со писателката Џастин Маск и оттогаш не се знае многу за нејзиниот љубовен живот.
Томас беше многу повешт во криењето на приватниот живот, но познато е дека извесно време беше во врска со манекенката Гзи Виздом.










