Кои типови на автомобили најмногу поевтинија?

Точка

01/07/2023

10:06

17.833

Големина на фонт

а а а

Се поголемата понуда и побарувачката која повторно ослабела во однос на април, донесе пад на цените на половните автомобили.

Просечен користен автомобил во мај во 2023-та година во Германија во просек чинел 28.858 евра. Тоа е за 0,8 проценти помалку отколку во април оваа година. Во споредба со истиот месец минатата година, цената е поголема за шест проценти, наведува порталот за продажба на автомобили „AutoScout24. Но, се поголемата понуда и побарувачката која повторно ослабела во однос на април, донесе пад на цените на половните автомобили.

Кои типови на автомобили, односно погони, најмногу поевтиниле? Помалку и очекувано, падот е најголем кај електричните автомобили кои се 4,4 проценти поевтини отколку во април 2023-та година. Просечната цена на електричен автомобил е 36.155 евра.


Хибридите се сè побарани

Хибридите биле многу барани и цената им паднала за само 1 процент, а просечната цена им е околу 40.000 евра. Бензинците во просек се поевтини за 1,4 проценти (26.098 евра), додека дизел возилата се поевтини за 0,5 проценти на просечни 29.587 евра. Всушност, дизел автомобилите најдобро ја држат цената. Просечните цени паѓаат веќе трети месец по ред, пишува „HAK revija“.

Понудата на користени автомобили е поголема, а побарувачката нешто помала. Овие трендови ќе продолжат се до есен, кога половните автомобили би требало да поскапат, поради сезонски причини. Се очекува, генерално, цените благо да паѓаат.