Кога се мачите да заспиете, често може да биде примамливо да посегнете по телефонот и да почнете да скролате по „Instagram“. Ова наскоро ќе се промени, благодарение на најновото ажурирање.
Компанијата „Meta“, во чија сопственост се „Instagram“ и „Facebook“, објавила две нови алатки со кои сака да им помогне на тинејџерите подобро да го организираат своето време на апликациите.
Ажурирањето е дизајнирано за на младите да им се овозможи да имаат контрола над своите он-лајн искуства, а родителите да имаат алат со кој можат да ги поддржат одлуките на своите тинејџери, стои во соопштението на „Meta“.
Со функцијата „Quiet Mode“, корисниците на „Instagram“ можат да изберат да направат пауза, да учат, да спијат или на некој друг начин да се одвојат од апликацијата. Кога ќе излезете од тивок режим, апликацијата ќе ви понуди резиме на тоа што сте го пропуштиле во текот на паузата за да ви помогне да го надоместите пропуштеното.
Тинејџерите ќе видат и известување доколку на апликациите минат повеќе од 20 минути. Исто така, за „Instagram“ се тестира нова препорака која на тинејџерите ќе им сугерира да ја изгаснат апликацијата доколку гледаат кратки видеа навечер.
Ќе биде достапен и новиот „in quiet mode“ статус, веднаш под името на корисникот, за сите да можат да видат и да не го вознемируваат корисникот.
„Quiet mode“ веќе бил достапен во некои земји, а сега на корисниците им се испорачува глобално.