[ФОТО/ВИДЕО] Робот кој наликува на змија бара луѓе под урнатини

Точка

21/11/2024

18:44

560

Големина на фонт

а а а

Роботот сличен на змија, кој има способност да ја зголеми својата должина или да се вовлекува во најнепристапните места во зоните на катастрофи, претставува иновација на инженерите од Швајцарија.

„RoBoa“ е дизајниран да се провлекува низ урнатините, и се очекува дека ќе им помогне на спасувачките тимови во случај на природни катастрофи или во областите погодени од војни.

Главата на роботот е опремена со светло, камера, микрофон, сензор за мерење на растојанието и времето потребно за да се стаса до повредениот, како и други сензори. Ова ќе помогне во потрагата по преживеаните – заробени под урнатините.

Зад главата се наоѓа цевка од ткаенина за надувување. Поради својата мекост, не може да ги повреди луѓето, а роботот може да се движи на сите површини, без разлика дали се лизгави, оштетени или остри.

Може да се користи и за испорака на вода или храна бидејќи е поврзан со кутија за напојување, а потребните средства би се транспортирале под воздушен притисок.


Роботот се контролира од далечина, додека камерата обезбедува видео пренос во живо.

„RoBoa“ беше развиен како студентски проект во лабораторијата за автономни системи на водечкиот технички универзитет во Швајцарија, ETH Цирих, а сега прерасна во стартап.

Прототипот долг 10 метри за време на тестирањето во урнатата зграда успешно ја пронајде куклата кој ја имаше улогата на заробена личност.

Тимот продолжи со усовршување и тестирање со помош на швајцарските спасувачки трупи. Актуелниот прототип наводно може да се прошири и до 100 метри, а роботот исто така има дијаметар на цевка од пет до 10 сантиметри.

Покрај потрагата по преживеани во катастрофи, „RoBoa“ би можел да се користи и за други работи како што е проверката на канализациските цевки. Исто така, би можел да ги испитува цевките во производствените погони со цел спречување на несреќи, и на крајот би можел да се користи за археолошки, геолошки и други истражувања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг