Популарниот некогашен фудбалер, а денес тренер Зинедин Зидан (51) интересен е во јавноста не само поради својата блескава кариера, туку и поради приватниот живот и сопругата Вероника (Фернандез) Зидан, која му е најголема поддршка.
За неговата кариера нема потреба многу да се пишува, сè е добро познато меѓу луѓето ширум светот.
Сепак, својот приватен живот овој спортист се обидувал да го задржи понастрана од очите на јавноста, но сепак не успеал целосно во тоа.
Цел фудбалски свет гледал во убавата танчарка Вероника кога Зинедин целосно случајно ја запознал зимата во 1989 година. Тогаш Французинот не ни претпоставувал дека гледа во жената на својот живот.
Денес, 34 години подоцна, Зинедин со гордост и многу љубов зборува за сопругата со која има четири деца и за која вели дека е столб на нивното семејство.
„На шести февруари својата сопруга ја запознав во Кан каде паѓаше снег. Во снегот го изгубив својот часовник, а во тој момент ја запознав Вероника. Заедно сме речиси 34 години. Многу ѝ должам. Секогаш на неа можев да сметам“, изјавил поранешниот француски фудбалер во една прилика.
Објаснил дека неговиот живот без неа бил исклучително празен и дека таа е таа која му е голема поддршка и столб на семејството.
„Секогаш за сè беше присутна и кога поминувавме тежок период, но прекрасна е.
Не се откажа од нас никогаш. Секогаш беше позитивна, секогаш покрај децата и мене ме туркаше напред. Многу ѝ сум благодарен на тоа. Многу поминавме заедно и затоа уште еднаш благодарам. Имаме прекрасен брак зад нас, а таа покрај мајка ми и ќерка ми, ми е најважна жена во животот“, изјавил Зидан.
Од бракот парот добил четири деца. Најстариот син се вика Ензо, потоа Лука, потоа Тео и преслатката Елиаз. Освен што уживаат во родителството, тие неодамна станале и дедо и баба кога нивниот најстар наследник ја добил ќерката Сиа.