(Видео) Прикриен сомнеж кој постоел со години: Таткото на Тупак Шакур ја обвинил американската влада за убиството на позатиот рапер!

Точка

16/06/2023

22:13

5.167

Големина на фонт

а а а

Таткото на американскиот рапер, музичар и текстописец, Тупак Шакур, Били Гарланд, тврдел дека зад убиството на неговиот син стоела, ни помалку ни повеќе, американската влада.

Шакур починал на 13 септември по пукањето во Лас Вегас, кое било резултат на конфликтот на Источниот и Западниот брег. Неговата смрт, како и онаа на раперот Биги Смолс, сè уште е мистерија, а теориите на заговор ги имало во изобилство.


Сепак, Гарланд ја обвинувал американската влада за смртта на неговиот син.


Ноќта кога бил одржан боксерскиот меч помеѓу Мајк Тајсон и Брус Селдон, на 7 септември 1996 година, кога било пукано на Тупак, тој и неговите пријатели од „Death Row Records“, го претепале Орландо Андерсон, член на ривалската група во Лас Вегас. Андерсон, всушност, украл ѓердан на „Death Row“, за кој Шон Комбс, основачот на конкурентската куќа „Bad Boy Records“, своевремено кажал дека ќе даде 20.000 долари.


По физичката пресметка, Андерсон тргнал по автомобилот на Тупак и Суге Најт, при што пукал, а Шакур подлегнал на повредите во болница, на 13 септември.


Гарланд изјавил дека однесувањето на неговиот син не било соодветно и дека конфликтот настанал со цел да стекне почит и да се докаже пред луѓето на Суге Најт и „Death Row“, но не верувал дека Андерсон бил одговорен за убиството, бидејќи немало докази за тоа.

Вујкото на Андерсон, Киф Д., истакнат член на бандата Крипс, со години се обвинувал себеси за смртта на својот внук, но Гарланд инсистирал дека сето тоа било дел од прикривањето, режирано од владата.


„Мислам дека владата е клучната точка. Владата му понуди договор, агентите го следеа ноќта на неговото убиство, исто како што го следеа и во студиото „Quad“, тоа е добро познат факт. Не го познавам тој човек, Киф. Можеби е присилен да го изјави тоа, само како би решил одредени проблеми. Не знам. Само знам дека ми изгледаше како „наместена работа“. Некој му рече да остане таму. Но, не мислам дека тој беше одговорен за смртта на мојот син. Не, воопшто“, тврдел Гарланд во интервју за „YouTube“ каналот, „The Art of Dialogue“.