„Излези мала“, се слушало во средиштето на холандскиот град воочи натпреварот на „огнените“, а веруваме дека ниту најдобрите играчи на Феенорд не добиле такви овации.
Хрватските навивачи од раните утрински часови го зазеле центарот на Ротердам, пееле хрватски песни пред сега веќе култното кафуле „Plein’“.
Тоа кафуле среде Ротердам станало главно собиралиште на хрватските фанови, па таму уште од утрото се јадело и пиело, а се пуштала и хрватска музика.
Во таа улица се собрале околу 2.000 хрватски навивачи, а потоа на еден балкон над улицата се појавила симпатична Афроамериканка.
Секако, девојката добила големи овации, а под прозорецот ѝ пееле и скандирале барем 1.000 хрватски навивачи. Се слушало: „Излези мала...“.
Таа мавтала и ги поздравувала хрватските навивачи, фрлала сладолед од прозорецот, ги полевала со вода навивачите на нивно барање... Тоа траело околу 10-на минути, а веруваме дека такви овации во центарот на Ротердам не добиле ниту најуспешните фудбалери на Феенорд.