Доколку сакате да избегнете голема сметка за струја на крајот од месецот – не правете ги овие грешки со фрижидерот

Точка

11/06/2023

14:19

5.157

Големина на фонт

а а а

Фрижидерот е добар сојузник кој подолго ја задржува свежината на намирниците кои инаку би се расипале во рок од неколку часа, но воедно и енергетски многу интензивен уред и една од најважните ставки за потрошувачка на електрична енергија.

Постојат неколку фактори кои предизвикуваат фрижидерот да биде повеќе или помалку енергетски интензивен.

Пред сè, енергетската класа на која апаратот ѝ припаѓа – најмодерните уреди имаат намалена потрошувачка во однос на фрижидерите од пред неколку години.


Важна улога има и начинот на којшто ги полните полиците во фрижидерот.

Фрижидерот којшто е преполн со храна или во кој е ставена топла храна ќе мора повеќе да работи за да ја одржи температурата.

На крај постои и трет фактор којшто треба да се земе предвид кога станува збор за потрошувачката на струја, а тоа е неговата позиција во кујната.

Каде треба да го поставите фрижидерот?

Доколку не сакате да трошите струја, фрижидерот треба да го поставите во кујна, внимавајќи на она што се наоѓа покрај него.

Од друга страна, треба да водите сметка на позицијата на фрижидерот во однос на другите кујнски елементи, полици, ормани...

Оставете неколку сантиметри оддалеченост меѓу фрижидерот и мебелот за да се обезбеди проток на воздух којшто ќе спречи прегревање на моторот на фрижидерот.


На крај, повторно за да спречите прегревање на моторот, задниот дел од уредот не треба да биде прицврстен на ѕид. Меѓу фрижидерот и ѕидот треба да има растојание од најмалку дваесет сантиметри за да се обезбеди циркулација на воздух.




Спонзорирани линкови

Маркетинг