Киеза сака да си оди од Јувентус

Макфакс

09/06/2023

16:37

2.307

Големина на фонт

а а а

Јувентус би можел да се раздели со еден од своите клучни играчи ова лето. Федерико Киеза е подготвен да слушне понуди од други клубови, тврди „Кориере дело спорт“.

Италијанскиот репрезентативец не се чувствува во „центарот на проектот“ на стадионот „Алијанц“ во Торино и тоа е една од причините поради која размислува за заминување.

Ливерпул и Њукасл се заинтересирани за играчот и внимателно ја следат ситуацијата.

Баерн Минхен исто така е заинтересиран за Киеза и дури веќе испратил барање до „бјанконерите“.

Според италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да слушне понуди вредни околу 40 милиони евра за репрезентативецот на Италија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг