Милиони луѓе ширум Северна Америка продолжуваат да се борат со многу високо ниво на загадување на воздухот, за време на катастрофалните шумски пожари во Канада, од каде чадот пристигнал се до Њујорк.
Милион луѓе ширум Северна Америка се разбудиле со портокалово небо и магла, додека предупредувањата за многу лош квалитет на воздухот се продолжени ширум САД и Канада.
Луѓето се повикани да носат маски за да ги заштитат своите бели дробови до вдишување премногу загадениот воздух.
Гувернерот на Њујорк Кети Хочул на Твитер напишаа дека од четврток милиони „N95“ маски ќе бидат достапни во државните објекти.
Footage of the George Washington Bridge that connects New Jersey and New York City amid smoke from Canada wildfires. pic.twitter.com/J1PMoosdjl
— Ravi Chaturvedi (@Ravi4Bharat) June 8, 2023
Американскиот претседател Џо Бајден разговарал со канадскиот премиер Џастин Трудо и му ги понудил сите расположливи федерални средства за гасење на пожарот, пренесува „Guardian“.
Во соопштението објавено во средата, Белата куќа објавила дека администрација на Бајден понудила дополнителна поддршка како одговор на пожарите кои моментално дивеат ширум Канада.
„Претседателот му даде упатства на својот тим да ги распореди сите расположливи федерални средства за гасење на пожарот кои можат брзо да помогнат во гасењето на пожарот кој ги погодува американската и канадската заедница“, се наведува во соопштението.
До денеска САД распоредиле повеќе од 600 американски пожарникари и помошен персонал, како и други средства за гасење на пожарот.
Двајцата лидери се согласиле да останат во близок контакт околу ситуацијата.
Во меѓувреме, здравствените службеници во Њујорк објавиле листа од безбедносни мерки кои треба да ги преземат додека градот и натаму е под густ чад.
Освен што ги повикуваат жителите да носат висококвалитетни маски како што се „N95“ или „KN95“, службениците апелираат до нив да ги чуваат прозорците затворени, да користат прочистувач на воздух ако е можно и да спречат влез на надворешниот воздух преку клима уредите.
Отровниот чад од канадските пожари би можел да се задржи над огромните делови на САД во наредните неколку дена, предупредиле службениците.
Not a great deal of air quality improvement is anticipated tomorrow as smoke from wildfires in eastern Canada continues to filter southward.
— National Weather Service (@NWS) June 7, 2023
Visit https://t.co/CVx9g8Hm1q for details. pic.twitter.com/Op0shyhAZ1