Украинската нова тактичка балистичка ракета FP-7 е употребена во прв напад против Русија, но украинските власти не го откриваат точниот погодок. Претседателот Зеленски го потврди успехот и најави сериско производство.
Украинската нова тактичка балистичка ракета „FP-7“ за првпат е употребена во борбени дејства против Русија, потврди претседателот Володимир Зеленски, иако властите во Киев одбиваат да откријат што точно било погодено, пренесува „Киев Индипендент“.
„Украинска тактичка балистичка ракета. FP-7. Прва борбена употреба. Ви благодарам за резултатот. Следен чекор: сериско производство. Слава на Украина!“, изјави Зеленски, споделувајќи видео од лансирањето без да наведе детали за самиот напад.
Ukrainian tactical ballistic missile. FP-7. First combat use. Thank you for the result. Next up: production. Glory to Ukraine! https://t.co/IxdjVg51c1
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 1, 2026
Кога новинар директно го праша која била целта на проектилот и што било уништено, советникот за комуникации на украинскиот претседател му даде краток одговор на „Киев индепендент“: „Тоа не го кажуваме“.








