3 децении од смртта на Дражен Петровиќ: Жената која ја сакал му го згасна животот – неговата мајка има што да каже за неа: „Таа е монструм...“

Точка

07/06/2023

14:00

10.571

Големина на фонт

а а а

Поминаа 30 години откако го нема Дражен Петровиќ, но некои рани никогаш не зараснуваат.

Таа кобна 1993 година засекогаш ќе остане врежана во помнењето на сите, не само кај кошаркарските фанатици.

Дражен почина на германскиот автопат во црвен „Голф“, а со него во автомобилот имало уште две жени – неговата тогашна девојка Клара Шаланци и нејзината пријателка Хилал Едебал.

Хилал одвај извлекла жива глава, нејзиниот организам бил тешко оштетен, а во 2017 година ја запознала мајката на Дражен – Бисерка.

Тоа била емотивна средба која се снимила во Истанбул, а целокупно ќе се појави во јавноста во облик на документарец. Мајката на Дражен за „Дневни аваз“ ја прокоментирала средбата со Хилал.

„Многу емотивно се потрошив од таа средба, мислам дека нема да можам да издржам. Тоа е само дел од филмот којшто е направен во Истанбул и објавен поради годишнината од смртта на мојот син“, изјавила Бисерка Петровиќ.

„Кога ќе го погледнете вториот дел, ќе видите колку беше потресно. Хилал е уништена“.

Едебал е поранешна кошаркарка. Не се сеќава дека во автомобилот била со Дражен затоа што по несреќата како последица од трагедијата, добила амнезија. Животот ѝ е кошмар и од тој ден повеќе ништо не е исто за неа.

Од друга страна, Клара успешно закрепнала. Таа го возела тој автомобил којшто удрил во камион.


„Таа е монструм. Не е ниту со Хилал во контакт. Не ја посетувала ниту кога била болна иако се долгогодишни пријателки и играле кошарка заедно од мали нозе. Хилал студирала во Америка и кога се вратила, Клара ја повикала да одат заедно по Дражен на аеродромот во Франкфурт“, изјавила мајката на Дражен.

Набрзо повторно возела, се вратила на својата работа како фотомодел во САД и продолжила да игра кошарка во Германија. Три години подоцна во една емисија го запознала Оливер Биерхоф, својот сопруг којшто е славен фудбалер.


Оливер ѝ помогнал да го надмине шокот по несреќата, а во 2001 година својата врска во некој баварски дворец ја овековечиле со брак. Шест години подоцна на парот му се родила ќерка, а во 2010 година во осмиот месец од бременоста Клара го изгубила детето. Истата таа година починал и нејзиниот единствен брат Ладислав, а тие две трагедии страшно ја погодиле.

Хрватска, но и неутралната спортска јавност го очекувала извинувањето за страшната несреќа, но таа не дошла. Поранешната манекенка никогаш не зборувала на таа тема, но неколку пати била на гробот на Дражен.

„Една година Клара ме контактираше поради тоа што сакаше да дојде на годишнината од смртта на Дражен. Се најдовме на кафе, кратко разговаравме, ме праша кога може да дојде на гроб... Со оглед на тоа што ние фамилијарно секогаш на тој ден се наоѓаме на гробот на Дражен во 17 и 20 часот, ѝ реков да го избегне тој термин затоа што мајка ми апсолутно не беше подготвена за средба со неа, ниту некогаш прифати да се најдат тие две и да поразговараат“, изјавил Ацо Петровиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг