Славната актерка позирала без грам шминка и покажала дека и во седмата деценија изгледа беспрекорно

Точка

07/06/2023

08:52

9.659

Големина на фонт

а а а

Мишел Фајфер (65), со новата фотографија потврди дека за неа годините се само број и дека и во седмата деценија изгледа беспрекорно.

За разлика од своите бројни колешки, Мишел нема проблем во јавноста да се појави без шминка, но и да го сподели своето секојдневие кое е далеку од холивудскиот гламур.

На својот Инстаграм профил овојпат актерката објавила фотографија без шминка, па порачала дека се радува на сонцето во Лос Анџелес.

„Сонце во ЛА. Конечно. Среќна недела на сите“, напишала актерката.

Таа во една прилика ја открила тајната на својата безвременска убавина, велејќи: „Јадете добро, вежбајте и спиете“.

Фајфер повеќе од четири децении гради успешна актерска кариера, а во текот на 80-тите и 90-тите станала една од најпрофитабилните холивудски ѕвезди, како и една од најпопуларните симболи на сите времиња.

Таа е добитничка на разни признанија, а добила и Златен глобус и филмска награда од Британската академија. Во 2007 година наградена е со филмска ѕвезда на холивудската патека на славните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг