Рајан Гослинг одговори на критиките дека е престар за улогата на Кен: „Ако не сакаат да си играат со мојот Кен...“

Точка

05/06/2023

16:46

3.650

Големина на фонт

а а а

Во неодамнешното интервју за магазинот „GQ“, Рајан Гослинг се осврнал на коментарите на хејтерите кои мислат дека е престар за улогата на Кен во филмот „Barbie“.

„Би рекол, ако луѓето не сакаат да си играат со мојот Кен, постојат многу други Кенови со кои можете да си играте“, кратко изјавил 42-годишниот актер, додавајќи дека неговиот лик е потполно неважен покрај Барби (Марго Роби).

„Барби никогаш не се „плеткаше“ со Кен. Тоа е поентата. Ако некогаш навистина сте се грижеле за Кен, би знаеле дека никој не се грижел за Кен. Затоа неговата приказна мора да биде раскажана“, се пошегувал Рајан.

„Се грижам за него сега. Јас сум како негов претставник“, додал тој.

Во еден дел од интервјуто, Гослинг открил и што работел Кен во претходните 60 години.


„Неговата работа е – плажа. Во текот на 60 години, неговата работа била плажа. Што значи воопшто тоа?“, изјавил тој.

За потсетување, по објавените трејлери Гослинг се најде на мета на припадниците на генерацијата Z кои тврдат дека е престар за улогата и дека „личи на дедо“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг