Сума од која ќе ви се заврти во главата: Џек Николсон за улогата во „Бетмен“ заработил 15 пати повеќе пари од главниот актер

Точка

03/06/2023

15:13

4.930

Големина на фонт

а а а

1989 година ја одбележа „Бетмен“, филмот за суперхеројот на режисерот Тим Бартон којшто ја воодушеви публиката, но и критичарите ширум светот.

Денес филмот се смета за култна класика, а многу од обожавателите на Бетмен го сметаат за еден од своите омилени филмски адаптации на овој стрип јунак.

Освен што доби позитивни критики и признанија, филмот исто така постигна огромен комерцијален успех. Иако, тоа беше голем финансиски успех за „Warner Bros“, можеби уште поуспешен бил за актерот Џек Николсон којшто заработил цело богатство толкувајќи ја улогата на Џокер во филмот.

Парадоксално, Мајкл Китон којшто ја толкуваше улогата на Бетмен не заработил ниту приближно сличен износ како Николсон.

Враќањето на „Бетмен“ било снимено со буџет од 48 милиони долари и вкупно заработил над 411 милиони долари, што го прави втор филм со најголема заработка од 1989 година. Му претходел филмот за Индијана Џонс којшто во благајните заработил над 470 милиони долари.

Николсон се предомислувал за улогата на Џокер, но на крај ја прифатил поради престижот и можноста за заработка, пишува „FandomWire“.


Актерот првобитно требал да потпише договор на 10 милиони долари, но Николсон во филмот видел голем потенцијал за заработка, па договорениот фиксен хонорар го намалил на 6 милиони долари, но со студиото се договорил да добие процент од вкупната заработка која ја остварил филмот.

Поради тоа што Николсон во тоа време имал веќе два Оскари зад себе и бил еден од најбараните актери на светот, студиото ги прифатило неговите услови. Како резултат на тоа, актерот си заминал дома со 90 милиони долари наместо со 10, што неговата улога како Џокер ја направило една од најскапите улоги во историјата на филмот.


Оскаровецот во филмот изговорил само 585 зборови, а неговата заработка била дури педесет пати поголема од заработката на Мајкл Китон којшто ја толкувал главната улога.

Имено, Китон за улогата на Бетмен заработил „само“ 6 милиони долари, што е импресивно, но сепак значително помалку во споредба со заработката на Николсон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг