„Знаеше да биде вулгарен и груб, плачев кога се запознавме“: Уште една љубовница на Трамп откри сочни пикантерии

Точка

02/06/2023

19:12

4.926

Големина на фонт

а а а

Поранешната ѕвезда на „Плејбој“, Карен Мекдугал, неодамна проговорила за својата афера со поранешниот американски претседател на САД, Доналд Трамп.

Таа открила детали од врската со Трамп, но сепак тој и натаму ги негира.

Мекдугал моментално со порно актерката Сторми Даниелс се предмет на судскиот процес против Трамп во којшто се наведува дека неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен на Сторми ја потплатил 130 илјади долари за да молчи. Но, тоа е само една од дури 34-те обвиненија со кои Трамп е соочен.


Мекдугал во разговор за „Daily Mail“ изјавила:

„Знае да биде груб и вулгарен, но кога ги има своите љубезни моменти, убаво е да го гледаш затоа што тоа покажува дека сè уште постои човек во него“.

Меѓутоа, за разлика од Сторми која својот однос со Трамп го опишала како „најлошите 90 секунди во својот живот“, Мекдугал имала малку поубави зборови за Трамп:

„Бев заљубена во него и тој беше заљубен во мене. Го знам тоа затоа што постојано ми го зборуваше. Ќе ми кажеше: Ти си моето бебе, те сакам. Ме покажуваше пред неговите пријатели“, изјавила таа.

Без оглед на наводната љубов меѓу нив, Мекдугал признала дека одредено време барала излез од десетмесечната врска: „Ме прикажуваат како незадоволна жена, но тоа не сум јас. Јас тоа го завршив“.

Карен, Трамп го запознала на некоја забава на „Плејбој“ во 2006 година и тврди дека тогаш имале интимни односи кои наводно Трамп сакал да ги плати, но таа тоа го одбила.

„Бев облечена и се подготвував да тргнам и видов многу пари во неговата рака. Знаеше дека погреши кога виде колку сум вознемирена. Плачев целиот пат кога се враќавме назад“, се присетила таа.

Потоа, како што тврди таа, тие се гледале барем пет пати месечно. Нивното заедничко излегување било на езерото Тахо во јули 2006 година (првпат): „Ги плаќав своите летови и хотели, а тој ми ги враќаше тие пари во готовина. Мислев дека сум единствената жена за него“, изјавила таа.

Се чини дека за прекинување на аферата ја натерал моментот кога ја фотографирале со синовите на Трамп, Ерик и Доналд помладиот.

„Се случи преку телефон. Не беше задоволен. Не сака да го одбиваат, но не се обиде да ме убеди да му се вратам“, признала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг