Актерот прогласен за виновен за силување: Член е на озлогласен култ, ги дрогирал своите жртви, па ги искористувал...

Точка

01/06/2023

11:30

4.716

Големина на фонт

а а а

Дени Мастерсон, актерот најпознат по улогата од серијата „Весели 70-ти“, прогласен е за виновен по две точки од обвиненијата за силување на повторното судење во Лос Анџелес, пренесува „The Guardian“.

Поротата од седум жени и пет мажи донела пресуда по седум дена. Тие не можеле да се согласат околу третата точка од обвинението, дека Мастерсон наводно ја силувал долгогодишната девојка.


Неговата сопруга, актерката и манекенка Бижу Филипс плачела додека го носеле од судницата, а останатиот дел од семејството и пријателите во неверување со скаменети лица, реагирале на исходот од судењето.

Тужителите кои повторно го обвиниле Мастерсон откако поради неодлучната порота во декември дошло до поништување на судењето, кажале дека Мастерсон со употреба на сила им пришол на три жени за да има полов однос, вклучувајќи ја и долгогодишната девојка во својата куќа во Холивуд Хилс.

Тоа се случило во периодот меѓу 2001 и 2003 година. Тие им кажале на поротниците дека тој ги дрогирал жените со пијалак за да може да ги силува. Истакнале дека го искористил своето влијание во Сајентолошката црква, а сите три жени исто така биле припаднички на истата црква.


Мастерсон не сведочел, а неговите адвокати не повикале сведоци. Одбраната се обидела да ги дискретира исповедите на жените спомнувајќи ја недоследноста во текот на времето. Тврделе дека жените меѓусебно ги координирале исказите.

Сајентолошката црква одиграла значајна улога во првото судење.

Во судницата се чувствувала напнатост меѓу сегашните и поранешните сајентолози, а жените кои поднеле тужба изјавиле дека чувствувале дека во судницата некои припадници на црквата билке заплашени.


Сведочела и Лиај Ремини, поранешна припадничка на Сајентолошката црква која станала најистакнат критичар на сајентологијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг