Покрај новите „CT6“ седан и „GT4“ кросовер, „Cadillac“ во Кина понуди и обновен SUV модел „XT4“.
Најголемите визуелни измени се однесуваат на предниот дел, со нов браник, изменета маска и дотерани светла. Помали промени има и одзади, а треба да се споменат и новите алуминиумски бандажи од 18 до 20 инчи.
Освежениот модел е 2 милиметри подолг (сега 4.602 мм), а меѓуосовинското растојание останало исто (2.779мм). Ширината останала 1.881 милиметри, но автомобилот сега е повисок за 3 мм (1.637мм).
Introducing!! ?
— Grand Prize Nanuet (@GrandPrizeAutos) May 25, 2023
The new 2024 Cadillac XT4 Elevates the Drive with Luxury and Tech Additions! ?#cadillacxt4 #grandprizecadillac #cadillac #xt4 #2024cadillac #2024xt4 #lookintothefuture pic.twitter.com/59LbcCd8f9
Во внатрешноста „XT4“ добил заоблен екран кој комбинира дигитална инструмент табла со "инфотеинмент" систем.
Од мотори се споменува само 2.0-литарски четирицилиндарски турбобензинец со „48V mild-hybrid“ технологија, а кој располага со 174 kw/237 коњски сили и 350 Nm.