„Google Bard“ конечно ја виде светлината на денот кон крајот на март. Компанијата потоа објави дека заинтересираните можат да се пријават на листата на чекање, за во одреден момент да добијат пристап до новиот четбот.
Речиси два месеци подоцна, „Bard“ доби нови опции – повеќе јазици и нови екстензии. На конференцијата „Google I/O“ беше најавена поголема достапност на четботот сличен на „ChatGPT“, па во 180 земји до системот може да се пристапи без листа на чекање. Има и интеграција со услугите на „Google“, како и додатоци кои го зголемуваат влијанието и ефикасноста на четботот.
Новата верзија е засилена со големи јазични модели на „Google PaLM 2“ (LLM) кои се понапредни во математиката и разбирањето на напишаното, но и во кодирањето. Најавена е и интеграција на „Google Lens“, која ќе им овозможи на корисниците да користат слики во интеракциите со „Bard“ – во примерот може да се види како корисникот му испраќа на „Bard“ фотографија од две кучиња и бара од него да смисли смешен опис на сликата.
Иако има многу кои не гледаат ништо добро во системите за вештачка интелигенција, „Google“ верува дека развивачите на софтвер ќе ценат некои нови додатоци во „Bard“, на пример „export taster“-от за извоз на код во „Colab“ или „Replit“. Корисниците од споменатите 180 земји веќе можат сето тоа да го тестираат.