Големото финале на песна за Евровизија 2023 година ќе се одржи во Ливерпул арената во сабота, на 13-ти мај, а полуфиналните вечери ќе се одржат денес (9-ти мај) и во четврток (11-ти мај).
Првото полуфинале ќе го отвори пејачката Јулија Санина, додека подоцна ќе настапи глобалната суперѕвезда Рита Ора која ќе изведе микс од своите најголеми хитови (како и новиот сингл „Praising You“).
Украинската пејачка Аљоша, која ја претставуваше Украина на Евросонг во 2010 година, ќе настапи заедно со фалената пејачка и текстописец Ребека Фергусон од Ливерпул.
Како и многу Украинци во 2022 година, Аљоша била принудена да ја напушти својата земја и своите сакани за да побара прибежиште. Таа ќе го сподели своето лично патување низ нов аранжман на „Ordinary World“ на британскиот бенд „Duran Duran“.
Во продолжение погледнете го списокот на земји кои настапуваат во првата полуфинална вечер:
1. Норвешка – Алесандра – Queen of Kings
2. Малта – The Busker – Dance (Our Own Party)
3. Србија – Лук Блек – Samo Mi Se Spava
4. Летонија – Sudden Lights – Aijā
5. Португалија – Mimicat – Ai Coração
6. Ирска – Wild Youth – We Are One
7. Хрватска – Let 3 – Mama ŠČ!
8. Швајцарија – Ремо Форер – Watergun
9. Израел - Ноа Кирел – Unicorn
10. Молдавија – Паша Парфени – Soarele şi Luna
11. Шведска – Лорин – Tattoo
12. Азербејџан – TuralTuranX – Tell Me More
13. Чешка – Весна – My Sister’s Crown
14. Холандија – Миа Николаи и Дион Купер – Burning Daylight
15. Финска – Käärijä – Cha Cha Cha
Како што моментално предвидуваат обложувалниците, во првото полуфинале победува Финска, а по неа натпреварувачите се редат по следната низа: Шведска, Израел, Норвешка, Чешка, Молдавија, Хрватска, Србија, Холандија, Швајцарија, Ирска, Португалија, Малта, Литванија, Азербејџан. Според овие прогнози, нашиот сосед Србија ќе помине во финалето.
Претставникот на Србија, Лук Блек, моментално се наоѓа на 17-та позиција на финалната прогнозирана листа на победници, додека првото место и најголеми шанси за победа има Шведска со својата претставничка Лорин и песната „Tattoo“.