Леброн не сака да дава 8 долари месечно: Богатите одбиваат да плаќаат за претплата на Твитер

Точка

01/04/2023

10:14

10.183

Големина на фонт

а а а

Во март, Маск објави дека на првиот ден од април ги откажува верификациските сини ознаки, а кој сака таква ќе мора да плати за тоа.

Од денеска на сила стапуваат големите промени на „Twitter“, чии долгорочни последици би можеле да бидат значајни. Како што претходно најави Илон Маск, социјалната мрежа на денешен ден ги укинува сините ознаки кои означуваат верификуван профил, и сите кои сега сакаат сина ознака, односно потврда за автентичност на својот профил, мора да платат месечна претплата од 8 долари.

Илон Маск се надева дека многу луѓе покрај чии профили стоеле сини ознаки ќе се одлучат на плаќање на претплата, што би требало да влијае на зголемување на приходите на „Twitter“, како и на намалување на зависноста од огласување, со што компанијата има проблем откако ја купи шефот на „Tesla“. Но, не сите воодушевени од оваа идеја, па многу богаташи кои заработуваат милиони годишно, не сакаат да ја платат оваа претплата.


Поентата на воведувањето на сината ознака уште во 2009-та година, била да се заштитат познатите личности бидејќи многу корисници правеле лажни профили со нивните имиња и објавувале секакви работи. Со оглед на тоа дека многумина кои досега имале сина ознака не сакаат да платат месечна претплата, тоа ќе отвори простор за нов бран од лажни профили кои би можеле да ги имитираат познатите личност, што повторно може да доведе до истата ситуација поради која пред 14 години „Twitter“ ја воведе верификацијата.

А дека многу познати не сакаат да плаќаат за оваа услуга, објавиле, секако, на „Twitter“. Еден од нив е Леброн Џејмс, кој и покрај милионите што ги има, не сака да дава 8 долари за „Twitter“. Надоврзувајќи се на шегата за својата скржавост, Леброн напишал дека нема да плати претплата, а слично напишале и други познати спортисти.


Новиот начин на верификација го критикувал и актерот Вилијам Шатнер, кој напишал дека не сака да плаќа нешто што досега било бесплатно, додека Џејсон Александер кој се прослави со улогата на Џорџ во „Seinfeld“, напишал дека ако ја изгуби сината ознака ќе ја напушти платформата токму поради имитаторите кои би можеле да отворат лажни профили во негово име.

Исто така, од Белата куќа објавиле дека нема да плаќаат претплата за верификација на профилот на својот на персонал.

Ќе биде интересно да се види колку од корисниците ќе одлучат да плаќаат за претплата, односно дали оваа промена ќе влијае на ширењето на лажни информации поврзани со познатите личности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг