(Видео) Застрашувачки момент кога на камион му откажуваат сопирачките и вози слободно надолу по фреквентен пат!

Точка

29/03/2023

15:29

9.408

Големина на фонт

а а а

На снимката се слуша како возачот свири за да ги предупреди останатите возачи дека неконтролирано се спушта по автопатот.

Овој настан е снимен со камерата на камионот додека се движел по стрмен пат на планината Викторија во Нов Јужен Велс, Австралија.

На снимката се слуша како возачот свири за да ги предупреди останатите возачи дека неконтролирано се спушта по автопатот.

Може да се види дека пред камионот има неколку возила, како и камп приколки. Изгледа дека двата автомобили пред него ја разбираат сериозноста на ситуацијата и преминуваат на спротивната лента од патот за да направат простор.

"Brake fail going down Mt Victoria. Loaded semi 40ish tonne "


Send us a video: https://dashcamownersaus.wetransfer.com/

Our Store: https://dashcamownersaus.com.au/

Posted by Dash Cam Owners Australia on Sunday, 26 March 2023

Камионот потоа се движи колку што е можно повеќе прилепен до банкината, за да избегне да удри во автомобил што влече караван. Потоа и возачот на караванот се обидува да направи простор, но бидејќи има автомобили во спротивната насока, има и малку простор за движење.

За среќа, конечно од левата страна се појавува спореден пат и возачот врти во таа насока. Таму се појавува и безбедносната рампа дизајнирана токму за вакви ситуации.


На крајот, камионот конечно успева да запре.

Оваа снимка е објавена во групата „Dash Cam Owners Australia“, а луѓето во коментарите го фалат возачот за неговото справување со ситуацијата.


„Срцето ми забрза кога го гледав, па можам само да замислам како се чувствувавте додека минувате низ ова“, напишала една жена.

„Како го успеавте да го задржите камионот на патот и не да не се судрите, за мене е неверојатно“, гласи друг коментар.