"Goldman Sachs": Стотици илјади работни места во опасност поради вештачката интелигенција?

Точка

28/03/2023

20:49

9.486

Големина на фонт

а а а

Развојот на вештачката интелигенција може да доведе до автоматизација на бројни работни места во Соединетите Американски Држави и Европа.

Ова може да загрози стотици илјади работни места, според истражувањето на инвестициската банка "Goldman Sachs".

Според "Financial Times", инвестициската банка соопштила дека системите за вештачка интелигенција, како што е ChatGPT, во иднина би можеле да создадат содржини кои не се разликуваат од човечкото производство, што би можело да предизвика бум на продуктивноста, што на крајот ќе го зголеми годишниот бруто-домашен производ (БДП) за 7% во период од десет години, пренесува Klix.ba.


„Тоа, исто така, ќе придонесе за значително нарушување на пазарот на трудот, ставајќи во ризик 300 милиони работници во големите економии. Пресметката покажува дека приближно две третини од работните места во САД и Европа се изложени на одреден степен на автоматизација од вештачката интелигенција, врз основа на податоците на најчесто извршените задачи во бројни професии“, пишува лондонскиот весник.

Во САД, вештачката интелигенција би влијаела на 63% од работната сила, додека останатите 30% кои работат физички работи нема да бидат загрозени.


За развојот на вештачката интелигенција неодамна зборуваше и ко-основачот на "Microsoft", Бил Гејтс, кој го привлече вниманието на фактот дека вештачката интелигенција ќе влијае на индустријата во следните десет години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг