(Видео) Го покажала нередот во станот, па ја насочила камерата кон виновникот – неговиот израз кажува сè

Точка

28/03/2023

16:00

6.218

Големина на фонт

а а а

Сопственичка на еден симпатичен кокапу објавила снимка од моментот во кој открила што направил нејзиниот миленик, а потоа камерата ја насочила кон виновникот кој дури не го ни одрекувал своето „злосторство“.

Сопственичката прво го покажала уништеното пакување млеко во прав чии траги биле расфрлани на подот, а потоа го покажала кучето кое било прекриено со млекото во прав со блажен израз на лицето.

„Си бил лошо момче“, му вели таа, а тој само ја наведнува главата како да се кае. Видеото има речиси 8 милиони прегледи и повеќе од 840.000 лајкови, а сопственичката по тоа објавила уште една снимка од малиот „бељаџија“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг