Една приказна заврши, друга започна: Првиот ден на Тухел како тренер на Баерн

Дерби

28/03/2023

12:59

1.692

Големина на фонт

а а а

Како што е познато Томас Тухел беше именуван за нов тренер на Баерн Минхен и тоа откако раководството на германскиот великан се реши да преземе неочекуван потег и му врачи отказ на Јулијан Нагелсман.

„Баварците“ под водство на Нагелсман „газеа“ во ЛШ, имаа добри резултати во домашните натпреварувања (второ место во Бундеслигата со еден бод заостанување зад Дортмунд и пласман во четвртфиналето на Купот) и затоа беше изненадување што Баерн така лесно се ослободи од стратегот за кого плати голема сума пред две години за да го „украде“ од РБ Лајпциг.

Дали овој потег на бундеслигашот ќе се покаже како вистински ќе покаже времето, а додека се чекаат предизвиците, дечките од „Фор-фор-тунс“ во свој стил направија анимирано видео во кое го прикажаа првиот ден на Тухел на „Алијанц Арена“.