Грајмс го открила бизарното име кое таа и Илон Маск сакале да ѝ го дадат на ќерката, но владата не го признала

Точка

25/03/2023

19:46

9.996

Големина на фонт

а а а

Пејачката Грајмс неодамна на својот Твитер профил го открила бизарното име кое таа и Илон Маск сакале да ѝ го дадат на нивната ќерка, но американската влада не сакала да го признае.

Пејачката има 2 деца со милијардерот, кои имаат уникатни имиња – синот X AE A-XII и ќерката Екса Дарк Сидерал (Exa Dark Sideræl). Грајмс во четвртокот објави фотографија од својата ќерка и објаснила дека требало да се вика „?“, односно нејзиното име требало да биде само интерпункциски знак.

Таа додала дека владата не сакала да го признае интерпункцискиот знак како име, па одлучиле да ѝ го дадат прекарот „Y“ односно „зошто“.

„Сега е ‘Y’ или ‘Зошто’ или само ‘?’ (но владата не го признава тоа). Љубопитност, вечното прашање и слично“, напишала музичарката на Твитер.

Нивната ќерка Y ја открија во јавноста минатата година кога Грајмс за „Vanity Fair“ откри дека добила второ дете со Маск по пат на сурогат. Тогаш изјави дека сака да ја држи ќерката подалеку од очите на јавноста, за разлика од синот X кој често се појавува на сцената со неговиот татко.


„Најдобра ситуација тука е јас да ја тренирам ќерката, а тој синот“, изјави пејачката тогаш.

За потсетување, парот имаше слична ситуација со синот X чие изворно име требало да гласи „X Æ A-12“, но поради калифорнискиот закон за именување биле присилени да го променат неговото име во „X Æ A-XII“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг