Меган Маркл (43) вчера објави фотографија на Инстаграм со нејзините деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (3), по повод Денот на мајките. Но и покрај срдечната порака и семејната атмосфера, некои корисници на социјалните мрежи повторно се фокусираа на теории и критики, коментирајќи го изгледот на децата – особено бојата на нивната коса и должината на нозете на Лилибет.
Инаку покрај фотографијата Меган напиша: „Среќен Ден на мајките! На здравје за сите нас кои успеваме да избалансираме сè со радост!“.
Се здоби со бројни критики
Таа додаде и порака упатена до нејзините деца: „И на овие два бисера – кои сè уште се обидуваат да ја освојат „мајчината планина“, да ме опсипат со бакнежи и секој ден да го направат најпосебна авантура … да се биде ваша мајка е најголемата привилегија во мојот живот.“ На крајот од објавата, таа напиша: „И јас ве сакам „повеќе од сите ѕвезди на небото, сите капки дожд и сите зрна сол на сите помфрити во светот“.
Меѓутоа кратко по објавата, корисниците на социјалните мрежи почнаа да коментираат за промените во изгледот на децата. Тие најмногу дискутираа за бојата на нивната коса. Еден корисник напиша: „Каде е сега црвената коса на Арчи и Лили, Меган Маркл?“ Други додадоа: „Бојата на нејзината коса се смени“ и „Косата им е потемна сега“. Еден корисник забележа: „А што е со косата на Арчи? Груба, густа, виткана и црвена… а сега црна и целосно права“.
„Како Лили порасна толку многу за седум недели?“
Освен за нејзината коса, тие коментираа и за нозете на Лилибет, тврдејќи дека е невообичаено повисока во споредба со претходните фотографии.
Еден корисник напиша: „Како Лили порасна за само седум недели?“ Друг додаде: „Треба да почнат да изнајмуваат деца на соодветна возраст“ алудирајќи на гласините дека Меган и принцот Хари користат други деца за фотографиите.