
(Фото) Пролетни јакни во разни комбинации
Парчето облека кое одвреме-навреме ќе го носиме периодов е пролетната јакна.
Наутро и навечер температурите нема да бидат високи, па стајлингот ќе ни го дополнуваат разни видови на сезонски јакни.
Изборот е навистина голем, но неколку од нив ќе се истакнуваат оваа пролет - штепуваните, бомбер и секако кожните јакни.
Последниве неколку години штепуваните јакни се голем хит, особено откако излегоа моделите од The Frankie shop, прво во маслинесто зелена, а потоа во останатите пастелни нијанси.
Пролетните јакни се одличен придружник на дневните комбинации, без разлика дали одите на тренинг или на работа.
Наш предлог е да ги комбинирате со фармерки и бели кошули, а добро би изгледале и со пролетни макси фустани.