„Сомнителни“ горили! Снимката станала хит на интернет, изгледаат како да бегаат од полиција

Точка

24/03/2023

14:36

6.390

Големина на фонт

а а а

„Изгледаат како да бегаат од полицијата“, „Таквиот начин на чекорење ми е доволно сомнителен“, „Направиле нешто многу опасно“, „Бегаат како да не платиле сметка во ресторан“, гласат некои од коментарите.

На ТикТок повеќе од 11,2 милиони луѓе ја погледнале снимката на која се гледа како горили се однесуваат многу сомнително во својот ограден простор во зоолошката градина.

Некој преку заштитното стакло ја снимил групата од горили во моментот кога во забрзан чекор една по една доаѓале зад аголот на зградата во својот ограден простор. Сите оделе на две нозе, речиси како луѓе, и нивниот чекор навистина изгледа како да направиле нешто што не смееле и сега бегаат од местото на злосторството.

Тоа е нешто што многумина го забележале и го нагласиле во коментарите.

„Изгледаат како да бегаат од полицијата“, „Таквиот начин на чекорење ми е доволно сомнителен“, „Направиле нешто многу опасно“, „Бегаат како да не платиле сметка во ресторан“, гласат некои од коментарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг