Од компанијата на Ретклиф ја потврдија новата понуда за Манчестер Јунајтед, се чека шеикот Јасим

Дерби

24/03/2023

10:51

2.324

Големина на фонт

а а а

Од компанијата на Ретклиф ја потврдија новата понуда за Манчестер Јунајтед, се чека шеикот Јасим

Имено, познатиот бизнисмен од Англија, Сер Џим Ретклиф преку неговата компанија „ИНЕОС“ веќе ја испратил втората понуда откако првичната понуда беше одбиена од семејството Глејзер.

Тоа го потврдија и од самата компанија со кратка порака до јавноста во која посочија дека испратиле подобрена понуда за купување на Манчестер Јунајтед.

Сега се чека истото да го стори и шеикот Јасим кој се очекува понудата да ја испрати во текот на денешниот ден.

Продажбата на Манчестер Јунајтед се уште не е извесна затоа што голем дек од островските медиуми пишуваат дека ниту Ретклиф, а ниту шеикот Јасим не сакаат да ја платат бараната сума од семејството Глејзер која изнесува нешто над шест милијарди фунти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг