Како се однесува жена на која ѝ недостасува секс? Еве што ја издава дека копнее по машки допир

Точка

23/03/2023

18:38

62.452

Големина на фонт

а а а

Сите знаеме дека сексот е здрав и дека делува пријатно и врз мажите и врз жените.

Но, овојпат да се задржиме кај жените. Како што лесно се препознава кога жената е задоволна, односно дека минатата вечер сигурно имала секс, така може да се увиди и кога долго немала секс и тоа токму по спротивните карактеристики.

Значи, на жената на која ѝ недостасува секс, колку и да се труди да го скрие своето незадоволство, ќе ја издаде говорот на тело и постојаното нерасположение.


Сексот делува така што ве опушта, па жената која сексуално е исполнета ќе биде опуштена и тоа ќе се забележи по нејзиниот од, односно лежерноста на колковите додека оди, додека жената на која ѝ недостасува секс ќе изгледа „постегнато“.

Потоа, поради недостатокот на окситоцин, хормонот којшто лачи проликом при оргазмот, а делува како природен седатив, жената која немала сексуален однос ќе има лош сон и ќе биде ненаспана.

Доколку апстиненцијата трае долго, ќе почне да се гледаат сериозни последици од недостаток на сон и жената можеби ќе изгледа постаро од годините.

Сексот е еден од главните причини за лачење на хормонот на среќа – ендорфин. Поради недостатокот на овој хормон жената може да биде многу непријатна, па често ќе има изливи на бес кон луѓето.


На крајот, недостатокот на секс значајно влијае на самодовербата, па жената на која ѝ недостасува секс ќе има и недостаток на самодоверба. Значи, кога ќе видите жена која изгледа уморно, нервозна е, фрустрирана, бесна и нема самодоверба, немојте да се карате со неа, туку понудете ѝ кафе – ќе ја разбере пораката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг