(Видео) Шерон Стоун го расплака светот: „Штотуку загубив половина од парите, почина брат ми и имам тумор“

Точка

20/03/2023

15:15

9.932

Големина на фонт

а а а

На американската актерка Шерон Стоун ѝ беше врачена наградата за храброст на церемонијата на Женскиот фонд за истражување на ракот, а по тој повод одржа многу емотивен говор во кој зборуваше за нејзината сегашна битка со туморот, истакнувајќи и дека штотуку изгубила половина од нејзиниот имот.

„Обично кратко зборувам и не ми е грижа што велат другите“, рече на почетокот, а потоа им оддаде почит на останатите добитници, па продолжи да зборува за проблемите со кои се соочува.

„Овие мамографии не се забавни. Отидов во болница и им реков: ‘Ако ме отворите и видите дека имам рак, ве молам, отстранете ми ги двете дојки’. Јас не сум личност која ја дефинираат градите. Тоа можеби звучи смешно, бидејќи сите сте ги виделе моите гради. Ги видовте моите гради по операцијата, а воопшто не знаевте за тоа“, истакна Стоун, која била на операција на реконструкција на градите во 2001 година, откако ѝ ги отстраниле бенигните тумори.

Минатата година откри дека добила погрешна дијагноза и дека имала неправилна процедура, што ѝ предизвикало уште поголеми болки од претходно. Побарала второ мислење и открила дека има голем фиброиден тумор, за кој е потребна операција.

Стоун за време на својот говор се обиде да ги мотивира присутните да донираат пари, а во еден момент и се расплака.

„Знам дека е тешко да испратите СМС порака за да уплатите пари, барем мене ми е, јас не користам најдобра технологија, но можам да напишам чек. Иако и тоа сега е храбар потег. Јас штотуку загубив половина од парите поради ситуација со банката, но тоа не ме спречува да дојдам овде“, рече Стоун.

За време на својот говор, таа се осврна и на нејзиниот брат Патрик, кој починал минатиот месец на 57-годишна возраст.

„Мојот брат штотуку почина, но тоа не ме спречи да дојдам тука. Ова не е лесно време за никој од нас, но еве што ќе ви кажам. Не сакам некој политичар да ми каже што да кажам и што да направам, како можам и како не можам да живеам и која е вредноста на мојот живот. Станете и кажете колку вредите. Ве предизвикувам. Тоа е храброст“, заклучи познатата актерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг