(Видео) Поинаков Диего Коста: Воинствениот напаѓач стана „миротворец“

Дерби

19/03/2023

14:50

2.536

Големина на фонт

а а а

Натпреварот меѓу Вулверхемптон и Лидс донесе многу драма, но и контроверзни моменти на и надвор од теренот.

Домаќините сметаат дека се оштетени во повеќе ситуации на натпреварот кој го загубија со резултат 2:4 и се чини дека за оваа средба допрва ќе треба да се дообјаснува судиската организација предводена од Хауард Веб.

Една спорна судиска одлука во финишот го испровоцира Матеус Нуњес да реагира пожестоко, па заработи црвен картон за реакцијата, по што се обиде и малку подиректно да се дообјаснува со судиите.

Во тоа беше спречен од неговиот соиграч Диего Коста, кој ги изненади фановите со својата смиреност и фактот што не дозволи Матеус да им се приближи на судиите, што сигурно ќе му донесе поголема казна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг