Џад Ло го доби седмото дете, пишува „The Sun“, кој објави фотографии од актерот и неговата сопурга Филипа Коан (35), како туркаат бебе во количка.
50-годишниот Ло има 7 деца со 4 различни жени, а тој и Филипа Коан во 2020 година го дочекаа раѓањето на првото заедничко дете. Британскиот „Daily Mail“ ги контактирал нивните претставници за медиуми, но не добил никаков одговор.
Ло важеше за непоправлив љубовџија на светската сцена. Зад себе го има бракот со Седи Фрост, со која беше од 1997 до 2003 година. Парот има 3 деца, Раферти (27), ќерката Ајрис (22) и синот Руди (20).
Од 2004 до 2006 година се забавуваше со актерката Сиена Милер со која беше и верен, но подоцна ја прекинаа врската поради неговата афера со дадилката Дејзи Рајт, која тој и Сиена ја ангажирале да ги чува неговите деца.
Сиена му го прости неверството, но по смирувањето не останаа долго заедно.
Актерот во 2008 година имаше романса со моделот Саманта Бурк со која ја има ќерката Софија (13), а врската со пејачката Кетрин Хардинг во 2015 година му ја донесе ќерката Ада.
Од 2015 година е со Филипа Коан, покрај која изгледа „се смирил“, иако никој не веруваше дека тоа некогаш ќе се случи.