Рускиот „Форбс“ ја стави нашата балерина Стефанија Гаштарска на листата на 8-те идни ѕвезди на Русија

Fashionel.mk

08/02/2023

21:24

2.756

Големина на фонт

а а а

Македонската балерина Стефанија Гаштарска, која е првата Македонка која успеа да стане дел од ансамблот на престижниот театар „Бољшој“, се најде на листата на 8-те идни ѕвезди на Русија, според руското издание на магазинот „Форбс“.

Пред две години, кога на 18-годишна возраст таа официјално стана дел од семејството на „Бољшој“, Стефанија го опиша искуството и целиот вложен труд за да се оствари таквиот успех, во ексклузивно интервју за „Fashionel“ кое може да го прочитате на овој линк.


20-годишната Стефанија започнала да се занимава со балет на 9 години во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј", во класата на Дафина Данилоска-Кочевска. На 15 години замина да учи во државното училиште во Перм (Русија), една од најстарите балетски школи кои работат по методот Ваганова, а образованието го продолжи во Академијата за балет на Бољшој. На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица" на балетската гала вечер посветена на кореографот Мариус Петипа, на која настапија 240 претставници од најдобрите балетски школи во Русија.


За една сезона изигра 7 главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“, а критичарите ја споредија со Ана Павлова.




Спонзорирани линкови

Маркетинг