Рожер Федерер и Новак Ѓоковиќ значително го поправија односот во последните години, а доказ за тоа е и пораката која ја испрати Швајцарецот по новиот огромен успех на Србинто во тениската кариера.
Ноле вчера по десетти пат во својата кариера го подигна трофејот во Мелбурн и на најдобар можен начин запечати едни крајно необични и тешки 12 месеци, во кои најпрво беше депортиран од Мелбурн, за сега да добие топло добредојде и да заврши со титулата во раце.
Ѓоковиќ ја сервираше својата „слатка одмазда“ на тенискиот терен и докажа дека е неприкосновен крал во Мелбурн, победувајќи во 10-то финале кое го одигра на „Род Лејвер“.
Во низата честитки, се јави и големиот Федерер, кој имаше кратка објавата на својот Инстаграм профил посветена токму на Ноле.
– Неверојатен успех, повторно! Огромни честитки, – порача Швајцарецот.