Магионичар, а не дизајнер! Ели Сааб уште еднаш докажа дека господари со високата мода, секоја креација е мало ремек-дело

Точка

27/01/2023

13:14

6.011

Големина на фонт

а а а

Либанскиот дизајнер Ели Сааб ја претстави новата колекција на Модната недела во Париз, уште еднаш докажувајќи дека малкумина можат да ѝ парираат на неговата визија за раскош, гламур и женственост.

Овој моден магионичар повторно нè израдува со прекрасни креации кои покажуваат дека класиката е навистина ненадминлива, но секако збогатена со тренди детали и нови форми.

Сааб понуди раскошни, прекрасни кроеви кои го одземаат здивот и најубави свечени материјали - сатен, свила, тил, префинета тантела...


Дизајнерот кокетирал со идејата за „голи“ фустани, нудејќи ги во различни варијанти кои во истовреме се провокативни, но и елегантни.

Нѝ се допадна и колоритот на оваа ревија - светлосини, светлорозови, бели, беж, сребрени и златни нијанси, а за сè да биде малку „поживо“ се погрижи киви зелената боја која се провлекува на неколку места во колекцијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг