„Ferrari“ пријави патент кој на електричните автомобили им дава звук на „вистински“ мотор

Точка

24/01/2023

14:11

8.348

Големина на фонт

а а а

Споменатиот патент се однесува на „друмско возило опремено со уреди за репродукција на звук кој може да се поврзе со електричен мотор“.

Идните електрични суперавтомобили на „Ferrari“ би можеле да имаат звук на мотор со внатрешно согорување според новооткриените патенти. Произведувачот на автомобили знае колку е звукот важен, не само за уживање во возењето, туку и за начинот на кој возачот активно управува со воланот. За да го реши овој проблем, сака да ги засили реалните звуци на електричните мотори.

Споменатиот патент се однесува на „друмско возило опремено со уреди за репродукција на звук кои може да се поврзат со електричен мотор“. За да се постигне целта, изгледа дека се планира да се засили звукот од еден или повеќе електрични вградени мотори од задниот дел на возилото, пишува „Jutarnji.hr“.


Уредот за репродукција на звук изгледа како еден звучник во близина на задната осовина. Звукот кој се репродуцира може да потекнува од компонентите на електромоторот или од нешто сосема друго. Без оглед на тоа, изгледа дека целта е да се поврзе тоа што физички се случува во погонскиот склоп со самиот звук.

Засега технологијата е експериментално, но „Ferrari“ веќе добива различни звуци на основа на брзината на моторот. Покрај тоа, би требало да биде во рамките на можностите на произведувачот на автомобили да го нагоди звукот.


Меѓутоа, зошто сета таа мака? „Ferrari“ и тоа го објаснил во документацијата. Во спортски автомобил со високи перформанси, звукот кој го произведува моторот е важен за уживање во возењето. „Звукот кој моторот го создава им овозможува на возачите моментална повратна информација за условите на возилото и за тоа што треба да се направи за да се постигнат зададените перформанси“.

Оние кои возат електрични автомобили веројатно ќе разберат дека недостигот на звук на моторот може да биде предизвик. Тој звук на мотор со внатрешно согорување може на возачот да му каже многу за состојбата на возилото. Треба да се нагласи дека додавањето на бука во електричниот мотор е нешто на што работат неколку компании.




Спонзорирани линкови

Маркетинг