Актерката Ања Тејлор Џој нeодамна присуствувала на традиционалната модна недела во Париз.
Меѓу многубројните славни личности кои се појавиле на ревијата на модната куќа „Диор“, заблескала и актерката Ања Тејлор Џој.

Прекрасната русокоса за оваа посебна прилика носела интересни модни парчиња, кои и тоа како ја истакнале нејзината фигура на тело.
Црното здолниште, валкано белото сако и корсетот во иста боја, го краселе изгледот на популарната актерка.

Треба да се спомене и дека флоралните детали на нејзините скапи парчиња облека дополнително ја нагласиле едноставноста, а повторно тука е и нејзиниот префинет изглед.



Дали ви се допаѓа?







